Поврзете се со нас

Италија

Манчини: Пирло може да се смета за среќен човек

Објавено

на

Јувентус ја изненади фудбалската јавност со храбрата одлука да му даде шанса на Андреа Пирло како наследник на досегашниот тренер Маурицио Сари.

Поранешниот италијански репрезентативец добива поддршка од сите страни, но сигурно го очекува досега најголемиот предизвик, очекувајќи постојано да биде анализиран од фановите и новинарите.

Денеска, со свој став за функцијата на Пирло се јави и италијанскиот селектор Роберто Манчини, кој вели дека Пирло може себеси да се смета за среќен поради начинот на кој ја започнува тренерската кариера.

– Пирло е среќен затоа што стартува од врвот и со најдобриот тим во Италија. Можеби и јас не стартував од дното, но сепак тоа беше Фиорентина, а не Јувентус…

– Шегата на страна, ако и јас барав некого да му дадам доверба, би го пронашол Андреа, исто како и Даниеле Де Роси, двајцата имаат големо фудбалско знаење. Секогаш има прв пат, Андреа треба да го следи својот пат, а јас му посакувам среќа, – изјавил Манчини.

Селекторот го искоментирал и неуспехот на Јувентус во Лигата на шампионите, што беше и пресуден момент за Сари.

– Не можам да прифатам дека Јувентус е елиминиран, бев убеден дека ќе одат натаму. Но ова беше навистина ужасна и непредвидлива сезона, посебно за тие што направија промени како Јувентус. Сари не успеа да го наметне својот фудбал, – вели Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни