Поврзете се со нас

Светски првенства

Манчини ослободи три важни фудбалери пред дуелот со Литванија

Објавено

на

Италија ремизираше два пати на претходните две средби од квалификациите за СП, па има императив за победа на вечерашниот дуел со Литванија.

Селекторот Роберто Манчини ќе треба да прави нови комбинации во составот бидејќи реши да ослободи неколку фудбалери во пресрет на оваа средба.

Критикуваните Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње биле ослободени од обврските откако се пожалиле на ситни повреди, па тоа значи дека Италија ќе настапи со свеж офанзивен дел од формацијата.

Имобиле и Инсиње уште вчера се вратиле во Рим, односно Неапол за да бидат надгледувани од клупските лекарски тимови, а утринава пристигна информација дека на повреда се пожалил и Федерико Киеза.

Фудбалерот на Јувентус е многу важен за Манчини и го постигна единствениот гол во дуелите со Бугарија, односно Швајцарија, но се очекува и тој официјално да биде поштеден од средбата која ќе се игра на „Мапеи“ стадионот во Реџо-Емилија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни