Поврзете се со нас

Свет

Манчини направи невообичаен потег, па мораше да им се извинува на фановите по поразот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Саудиска Арабија доживеа елиминација на пенали на Азискиот куп, а селекторот Роберто Манчини мораше да се извинува поради својот потег во завршните моменти од натпреварот.

Саудијците долго водеа со 1:0, но примија гол од Јужна Кореја во судиското надополнување, за потоа да загубат на пенали со 4:2 и да останат без пласман во четвртфиналето.

Италијанскиот стручњак предизвика дополнителни контроверзи откако замина во соблекувална на резултат 3:2, односно пред Хванг Хи-Чан да го постигне пеналот за конечна победа и радост на својата селекција.

– Се извинувам што заминав порано, мислев дека е готово. Не сакав да изразам непочитување кон било кого.

– Сакам да им се заблагодарам на моите фудбалери, мислам дека напредувавме многу во овој краток период во кој работевме заедно, – истакнал Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни