Свет
Манчини ќе добие рекордна отштета за разделбата со Саудиска Арабија
Роберто Манчини зад себе остава уште една неуспешна тренерска авантура, а во случајов не успеа да се наметне како селектор на Саудиска Арабија.
Италијанецот потпиша да ја води богатата азиска земја за фантастични 30 милиони евра по година, но ги разочара своите препоставени и на крајот мораше да се согласи на компромис, крај на својот ангажман со одредена отштета.
Но, токму вториот дел привлече внимание, бидејќи Манчини ќе заработи 20 милиони евра само поради фактот што прифатил да го раскине договорот една и пол година пред неговото истекување, а се чини дека сумата која ќе ја инкасира е и нов рекорд во оваа категорија.
Резултатите на Саудиска Арабија се далеку од очекуваните од страна на фановите и федерацијата, а за Манчини ова е нов неуспех откако се мачеше и со италијанската репрезентација по триумфот на ЕП.
Манчини изненадувачки ја напушти селекторската позиција во редовите на „азурите“ во август 2023 година, за само неколку недели подоцна да биде промовиран како нов предводник на Саудиска Арабија.
-
Шпанија22 часа
Милошевиќ со храбра прогноза: Оваа Барселона може да биде подобра од онаа на Гвардиола, ќе те масакрираат…
-
Лига Европа22 часа
Акѓун со голчиште ги запали навивачите на Галатасарај, Тотенхем падна во Истанбул (ВИДЕО)
-
Германија10 часа
Германците шокирани: Голем талент на Баерн го одбил повикот на Нагелсман
-
Боречки спортови23 часа
Илиоски го суреди Христос и ќе се бори за злато на ЕП во Атина (ВИДЕО)
-
Лига Европа20 часа
Диало донесе прва радост за Јунајтед во ЛЕ, Лацио единствена екипа со перфектен учинок (ВИДЕО)
-
Евролига7 часа
Фенербахче собра НБА играч и експресно му го позајми на Баерн
-
Италија9 часа
Копмајнерс за последниот проблем: Комплицирана болка поради која 20 дена спиев на фотелја
-
Евролига11 часа
Шоуто на Македонецот: Како Димитријевиќ го сруши големиот Реал Мадрид (ВИДЕО)