Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини ја направи најбизарната измена на ЕП, Шаќири ги испрати Турците дома (Видео)

Објавено

на

Италија со максимален ефект го потврди пласманот во осминафиналето кој веќе го имаше обезбедено и го победи Велс со 1:0, но овој пораз нема тешко да го поднесат и Велшаните кои како второпласирани обезбедија пласман во следната рунда.

Голот на Песина се покажа како доволен за заслужена победа на Италија од минимални 1:0, а во прилог на Велшаните им одеше тоа што Швајцарија не победи со разлика од три гола.

Џердан Шаќири беше максимално расположен и со два гола ја испрати Турција дома, а со оглед на тоа што Швајцарците имаат четири бода, многу веројатно е дека како една од четирите најдобро третопласирани селекции ќе патуваат меѓу 16-те најдобри.

Покрај Шаќири, во листата на стрелците се запиша и Сеферовиќ, додека почесниот гол за Турците беше дело на Кавечи кој постигна фантастичен гол од дистанца.

Од овие два меча од групата А, за издвојување е и еден бизарен момент од 89-та минута на „Олимпико“ во Рим, каде Роберто Манчини изрежира една од најбизарните замени на Европските првенства. Селекторот на Италија го извади од игра голманот Донарума во 89-та минута, за да му даде шанса на Сиригу да дебитира на едно Европско првенство, во кое резервниот голман на „аѕурите“ ниту еднаш не ја допре топката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни