Италија
Манчини го испофали новајлијата кој не знае да ја пее италијанската химна: Знае нешто што е многу важно во фудбалот

Италија ги освои првите бодови во нашата група и славеше без проблеми на гостувањето кај Малта, натпревар на кој вториот гол во низа го постигна новајлијата во италијанскиот тим, кој до пред само неколку дена беше анонимен за европската јавност.
Тоа не важи и за Роберто Манчини и неговите соработници кои направиле добар скаутинг во Аргентина, пред да одлучат дека Матео Ретеги заслужува шанса во националниот тим.
Дел од италијанските медиуми го критикуваа изборот на Манчини и по дебито на кое Ретеги постигна гол, а причина за тоа е незнаењето на италијански јазик и националната химна.
Фудбалерот кој е роден и израснат во Аргентина не знае да зборува италијански, но Манчини смета дека тој сериозно би напредувал ако го напушти Тигре и се пресели во Серија А.
– Ретеги знае како да ја смести топката во мрежата и тоа не е ништо, тоа е нешто што е многу важно во фудбалот. Ние го забележавме тоа кога го скаутиравме во Аргентина. Се уште му е потребно време, треба да се запознае со европскиот фубдал, но сите видовме дека знае да постигне гол и тоа е многу важен квалитет.
– Не ја знае целосно, но веќе се обиде да ја пее италијанската химна и тоа е напредок. Ако Ретеги дојде во Серија А, тоа ќе го направи посилен и ќе му помогне да го научи јазикот и да комуницира со соиграчите, – изјави Манчини.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 23 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“