Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини ги издвои репрезентациите кои ќе се борат за пехарот на СП

Објавено

на

Италија направи уште еден голем резултат на големата фудбалска сцена и по вторпат во својата историја дојде до пехарот на европските шампионати.

„Аѕурите“ одиграа еден одличен турнир во кој играа квалитетен и убав фудбал за кој ривалите немаа решение. Најголем проблем за Италијанците дефинитивно беа Шпанците од кого беа надиграни во полуфиналето, меѓутоа успеаа да издржат и преку пенали да дојдат до завршниот меч на првенството во кое славеа над Англија.

Италијанците се снимаа за време на ЕП, беше направен документарец во кој актерите отворено говорат за тоа што се случуваше, па токму пред дуелот со Шпанија селекторот Роберто Манчини ги издвојува селекциите кои според него ќе бидат главни претенденти за пехарот во Катар.

-Не можете секогаш да победувате со контролирање на играта. Тоа е она што би сакале, но има и противници. Ако треба чекај. Остави ги да играат, остани смирен. Шпанија има одличен состав. Ќе видите на Светското првенство дека ќе биде борба меѓу нас, нив и можеби уште една друга екипа. Тие имаат многу добри играчи – млади, но многу добри.

-Нема да биде лесно, ќе мора да страдаме до крајот, но, како и секогаш, ќе се обидеме да го сториме тоа заедно, -порачал Манчини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни