Поврзете се со нас

Италија

Манчини: Боли поразот од Интер, но ако вака продолжиме…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома го доби првото полувреме во дерби пресметката со Интер, но во вторито дел прими дури три гола и на крајот доживеа пораз од 4-2.

Ова за „волчицата“ беше прв негативен резултат под водство на новиот тренер Даниеле Де Роси, меѓутоа иако поразот боли играчите сметаат дека има доста позитивни работи и ако продолжат вака резултатите ќе дојдат.

-Боли, бидејќи кога ќе изгубиш, никогаш не може да биде позитивно чувство. Загубивме од Интер кој е најдобриот тим во лигата, а првото полувреме ни беше прекрасно. Жалиме за периодот од десет минути во второто полувреме. Лути сме, но и свесни дека го имавме вистинскиот пристап.

-Тренерот е добро подготвен, ги донесе своите идеи и ги разбравме. Работите не одеа добро пред тој да пристигне, против Интер применивме она што тој го бара од нас. Резултатот 4-2 е малку превисок, бидејќи можевме да израмниме. Ако продолжиме вака, тогаш резултатите ќе дојдат, -вели Џанлука Манчини кој погоди на дуелот на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни