Манчестер Сити се откажал од Санчез, фановите шокирани

Alexis Sanchez

Манчестер Сити се откажал од трансферот на Алексис Санчез и веројатно ќе му овозможи на градскиот ривал Манчестер Јунајтед да дојде до потписот на чилеанскиот фудбалер, – пренесува „Би-Би-Си“.

Навивачите се шокирани од ваквото сценарио, а посебно што главна причина за потегот на Сити е одлуката да не биде платена трансфер сумата која ја бара Арсенал, а која според клубот од „Итихад“ е превисока. Арсен Венгер бара 35 милиони фунти, а наводно агентот на Санчез има свое побарување од уште 5 милиони фунти, што дополнително ги испровоцирало Пеп Гвардиола и неговите претпоставени.

Венгер најави дека ќе дозволи Санчез да замине ако добие соодветна понуда и ако Арсенал обезбеди замена, што е вовед за јануарска разделба со фудбалерот на кого во јуни му истекува договорот. Од друга страна, Санчез преферираше трансфер во Сити и соработка со Гвардиола, но шпанскиот менаџер не сака да плати толку пари, посебно откако последните прегледи покажале дека повредата на Габриел Жезус не е толку сериозна.

Facebook Коментари