Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити пријави позитивен играч на Ковид-19

Објавено

на

Од таборотна Манчестер Сити на денот кога клубот го игра воведниот натпревар во Премиер лигата против Вулверхемптон пријави еден позитивен случај на Ковид-19.

Германскиот репрезентативец и играч од средниот ред на „граѓаните“, Илкај Гундоган е последниот фудбалер кој е позитивен на вирусот.

Гундоган сега, како што налагаат протоколите на владата во Бритаија ќе замине во десетдневен карантин, по што ќе треба да добие два негативни теста за да се врати на тренинзите на клубот.

Клубот не пријави други играчи или членови како позитивни, па така вечерашниот натпревар против Вулверхемптон не е доведен во прашање.

Од другите познати фудбалери, новиот играч на Лацио и репрезентативец на Косово, Ведат Муриќи исто така е позитивен на Ковид-19 и неговиот настап против Македонија е доведен во прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни