Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити постигнал целосен договор со уште едно засилување

Објавено

на

Раководството на Манчестер Сити постигнало договор со уште едно засилување во пресрет на новата сезона.

Нов фудбалер на „граѓаните“ ќе биде Стефан Ортега откако е постигнат договор тој да биде втора опција на голманската позиција во англискиот шампион.

Дека има вистина во најавите говори и фактот дека самиот Ортега се простил од навивачите на Арминија со објава на социјалните мрежи.

Наскоро се очекува да биде објавен трансферот, а во меѓувреме Манчестер Сити ќе работи на ослободување од обврските на Зек Стефен.

Американскиот голман се наоѓа пред трансфер во редовите на Миделсбр каде првично ќе пристигне како позајмен фудбалер со право на целосен откуп на неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни