Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити посакува фудбалер на Милан, Гвардиола притискал за негов ангажман

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Сити ќе се обидат во летниот преоден рок да ангажираат еден фудбалер на Милан.

Станува збор за алжирскиот репрезентативец, Исмаел Бенасер кој оваа сезона е редовен во тимот од „Сан Сиро“ по неговиот трансфер од Емполи минатото лето.

Бенасер игра на позицијата последен играч за врска, а годинава во дресот на Милан има собрано вкупно 23 натпревари.

Она што е карактеристично за него е беспоштедната борба и бескомпромисните стартови. Токму затоа тој веќе има 13 жолти картони во Серија А и два пати одлжежал суспензија поради добиени пет жолти картони.

„РМК“ пишува дека тој во својот договор со Милан има откупна клаузула од 50 милиони евра, но од Манчестер Сити веруваат дека истата може да ја спуштат и да ги убедат „росонерите“ да се согласат да го пуштат по пониска цена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни