Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити поднесе тужба против Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити на крајот на минатиот месец по четврти пат во низа ја освои титулата во Премиер лигата и испиша историја, но реши месец јуни да го почне со доста агресивен пристап на правна основа.

Актуелниот англиски првак покренал тужба против Премиер лигата поради нефер и дискриминирачки правила кои се вовеле во 2021-ва година, а кои според „граѓаните“ стапиле на сила само за да намалат нивните успеси.

Адвокатите на Манчестер Сити поднеле тужба од 165 страници и сослушувањето на случајот ќе почне наредниот понеделник и планирано е истото да трае околу две недели.

Според англиските медиуми, ова е директен одговор за процесот кој се води против Манчестер Сити и според кој „граѓаните“ прекршиле 115 финансиски фер-плеј правила, а во ситуација кога тоа сослушување е закажано за во ноември оваа година, актуелниот првак решил да го возврати ударот.

Тужбата на Сити е инспирирана од правилата кои ги воведе Премиер лигата откако саудискиот конзорциум го купи Њукасл во 2021-ва година, според кои на клубовите им се забрани да добиваат спонзорски договори од фирмите кои се во сопственост на владеачките структури.

Сити има четири големи договори со фирми кои се во сопственост на шеикор Мансур и според правилото на Премиер лигата е смее да добива спонзорски прилив од тие компании, па токму поради тоа клубот од Манчестер во тужбата се жали дека се нанесува неправилна штета со дискриминирачки пристап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни