Англија
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/02/siti-timska2.jpg)
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити денеска ги објави финансиските резултати за периодот до 30. јуни и се пофали со историска бројка.
Премиерлигашот имал вкупни приходи од 715 милиони фунти, што е подобрување за 2,2 милиони фунти и подобрување на апсолутниот рекорд во историјата на англискиот фудбал.
Трошоците за плати последната година се намалиле за 10,3 милиони фунти и изнесуваат 412,6 милиони фунти, а регистриран е профит од 73,8 милиони фунти.
Манчестер Сити се пофали и со трансфер позитива од 92,8 милиони фунти, сума до која клубот дојде благодарение на продажбите на играчи како Алварез, Кансело и Делап.
Позитивната финансиска слика ќе влијае на амбициите на Пеп Гвардиола за сериозни инвестиции во следните преодни рокови, со што Сити ќе добие освежување за екипата која сезонава е во резултатска криза.
-
Италија12 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Италија23 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП22 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Англија21 час
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија22 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)
-
Англија12 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Италија24 часа
Тео испиша историја како најдобар голгетер меѓу дефанзивците, Леао со мангупски потег донесе победа за Милан (Видео)