Манчестер Сити може да биде казнет и со одземање бодови од Премиер лигата

city

Шокот за Манчестер Сити кој остана без можност да игра во Европа наредните две сезони може да биде зголемен со одлука за одземање бодови од Премиер лигата, – пренесуваат англиските медиуми.

Нарушувањето на Финансискиот ферплеј на УЕФА ќе го остави Сити без Лигата на шампионите, а сега може да се активира и Премиер лигата бидејќи исто така има свои строги правила кои мора да се почитуваат за добивање лиценца за играње во Европа.

Ако казната за Сити биде потврдена и по жалбите, тогаш Премиер лигата веројатно ќе биде приморана да реагира, а најголеми се шансите да изрече казна со одземање бодови.

Facebook Коментари