Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити идентификувал замена за Едерсон

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити со голема сериозност ги следи шпекулациите поврзани со евентуалното заминување на Едерсон и веќе е идентификуван потенцијалниот наследник на Бразилецот.

Првиот голман на англискиот шампион е поврзуван со понуди од Саудиска Арабија, чии главен квалитет се финансиите кои му се понудени на фудбалерот, а Сити го избрал Мајк Мењан од Милан како потенцијален иден прв голман.

Мењан игра во одлична форма, а настапот на ЕП е потенцијален проблем за Милан, бидејќи очекуваните добри настапи на Французинот дополнително ќе го привлече вниманието на богатите премиерлигаши предводени од Сити.

Французинот досега го нема продолжено договорот со Милан и тоа ривалите го детектираат како негова желба да прифати нов предизвик во некој од наредните преодни рокови.

Сити не е заинтересиран да го продаде Едерсон на две години пред истекот на договорот, но „Сан“ тврди дека клубот нема да одбие атрактивна понуда од Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни