Англија
Манчестер Сити го следи големото освежување во тимот на Милан
Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити, мора да размислува за засилувања по очајниот период, кој потврди дека Пеп Гвардиола има многу проблеми за решавање во својот тим.
Англиските медиуми и досега најавуваа одредени имиња како потенцијални кандидати за засилувања на Сити, а сега во игра е и големото освежување во редовите на Милан од пред една сезона.
Се работи за Тиџани Рајндерс, холандскиот репрезентативец кој се покажа како одличен трансфер за „росонерите“, а вчера со својот гол донесе важна победа за Милан на гостувањето кај Верона.
Рајндерс веќе го привлекол вниманието на Гвардиола и Сити, а англискиот клуб без проблеми би платил 60 милиони евра за да добие Холанѓанецот во своите редови.
Сепак, Милан нема лесно да се откаже од важен играч и претходно ќе се обиде да го продолжи договорот со Рајндерс, за кого во 2023 година плати 20 милиони евра.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…