Англија
Манчестер Сити го потврди заминувањето на Бегиристајн и неговиот наследник
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити ќе доживее сериозна директорска промена во текот на следното лето, денеска официјално потврдувајќи го заминувањето на Чики Бегиристајн.
Успешниот спортски директор го напушта премиерлигашот по 12 години и со многу заслуги за успешната соработка со Пеп Гвардиола, но и креирањето на екипите кои донесоа многу трофеи во клупската колекција.
Сити во соопштението го потврди и неговиот наследник, а тоа е Уго Вијана, кој ќе дојде од редовите на Спортинг Лисабон.
Португалецот ќе ја преземе функцијата од јуни 2025 година, но уште претходно ќе почне да соработува со Бегиристајн за да биде олеснет периодот на транзиција.
Вијана е поранешен фудбалер чија професионална кариера траеше меѓу 2001 и 2016 година, а покрај за матичниот клуб Спортинг, настапуваше и за Њукасл, Валенсија, Осасуна, Брага и два клуба од Обединетите Арапски Емирати.
-
Англија24 часа
Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него
-
Шпанија18 часа
Шефот на ВАР системот во Шпанија даде објаснување за поништениот гол на Левандовски (Фото)
-
Англија16 часа
Јунајтед го расчисти прашањето за иднината на Ван Нистелрој на „Олд Трафорд“
-
Италија22 часа
Чалханоглу доживеа нешто што не го искусил како играч на Интер : Не мораше баш сега….. (Видео)
-
НБА18 часа
Урнебес: Јокиќ се мачеше со еден англиски збор, па почна да пцуе на српски (Видео)
-
Европски првенства15 часа
Пешевски е автор на еден од најубавите голови во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Фудбалерите се собраа, започнуваат подготовките за завршницата во Лигата на нации (ФОТО)
-
Англија13 часа
Премиерлигашки судија суспендиран поради навреди кон Клоп и Ливерпул (ВИДЕО)