Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити ги контактирал агентите на Погба

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Претставници на Манчестер Сити разговарале со агентите на Пол Погба, обидувајќи се да добијат повеќе детали за актуелниот статус и планови на францускиот фудбалер.

Погба е без ангажман откако договори раскинување на соработката со Јувентус, а зад него е долга пауза поради комбинирани проблеми со повреди и позитивен допинг тест.

Изненадувачкиот трансфер би бил пореален ако Погба е подготвен брзо да се врати во натпреварувачка форма, односно Сити очајно бара освежување за средниот ред, дел од составот кој очигледно му создава многу главоболки на менаџерот Пеп Гвардиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Погба бил задоволен што за него се интересира клуб како Сити, но од друга страна не е премногу заинтересиран за ваква опција.

Прва причина е што не би сакал по долга пауза и хроничните проблеми со повреди да се врати во толку силно натпреварување како Премиер лигата, а втора причина е неговата историја со градскиот ривал Манчестер Јунајтед, чиј член беше во два периода.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни