Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити доби најтежок противник во осминафиналето на Лига купот

Објавено

на

Манчестер Сити ќе има најнезгодно гостување во осминафиналето на англискиот Лига куп, во обидот уште еднаш да стигне до овој домашен трофеј кој го освојува последните четири години.

Избраниците на Пеп Гвардиола ќе му гостуваат на Вест Хем, кој веќе го елиминираше Манчестер Јунајтед и тоа со победа на гостински терен.

Челси ќе го пречека Саутемтпон, Ливерпул му гостува на Престон, додека интересна треба да биде и пресметката меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед.

Во единствениот дуел каде нема премиерлигаш, Квинс Парк Ренџерс ќе се соочи со Сандерленд.

Осминафинале на Карабао куп:

Челси-Саутемтпон
Вест Хем-Манчестер Сити
Престон-Ливерпул
Арсенал-Лидс Јунајтед
КПР-Сандерленд
Барнли-Тотенхем
Стоук-Брентфорд
Лестер-Брајтон

Натпреварите ќе се играат околу 25 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни