Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити блиску до ново засилување, Гвардиола поставил јасен план за играчот

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Сити се многу блиску до ангажирање на уште едно засилување за новата натпреварувачка сезона.

Познатиот новинар специјализиран за трансфер случувањата во Европа, Фабрицио Романо пренесе дека „граѓаните“ биле пред трансфер на Серхио Гомез од Андерлехт.

Станува збор за млад лев бек кој се наметна во белгискиот тим и кој би го чинел тимот од „Итихад“ околу 10 милиони евра.

Првичниот план на Манчестер Сити бил тој веднаш да биде испратен на заем во Џирона, но Гвардиола го стопирал истиот.

Шпанскиот стратег имал јасна цел и сакал уште веднаш да го види Серхио Гомез во сениорскиот тим на Сити и ги уверил челниците на клубот дека фудбалерот ќе добива шанса за настап во првиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни