Манчестер Сити без една од ѕвездите во финалето на Лига купот

gundogan-city

Неделниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Арсенал во финалето на Лига купот ќе биде можност за освојување прв трофеј за една од двете екипи, а според моменталната форма фаворит е составот предводен од Пеп Гвардиола.

Шпанецот потврди дека за оваа средба во комбинација ќе биде Габриел Жезус кој се враќа во тимот по паузата поради повреда, но затоа нема да биде подготвен Рахим Стерлинг.

– Стерлинг има проблем со мускул на ногата и не сум сигурен дека ќе биде подготвен. Важно е што Габриел Жезус се враќа, добро е кога ги имам најквалитетните фудбалери на располагање. Секогаш сакам да играм во финале на куп кога сме победиле на претходниот натпревар, но треба да се фокусираме на оваа средба, – изјавил Гвардиола.

Сити има четири титули во Лига купот, а последната ја освои во 2016 година.

Facebook Коментари