Манчестер Сити: Со Агуеро е се во ред, тоа се прегледи од превентивен карактер

aguero-kutija

Серхио Агуеро бил однесен во болница откако се онесвестил во соблекувалната на полувремето од пријателскиот меч меѓу Аргентина и Нигерија во Краснодар, објавија аргентинските медиуми.

29-годишниот напаѓач постигна гол во првото полувреме од победата на Аргентина од 4:2, но не се појави на теренот за вториот дел. Напаѓачот на Манчестер Сити беше заменет со Дарио Бенедето.

Aнглискиот премиерлигаш Манчестер Сити изјавија дека тој се пожалил на вртоглавица и самиот побарал да оди на преглед од превентивен карактер.

– Агуеро на натпреварот меѓу Аргентина и Нигеријаво во Краснодар имал мала вртоглавица по што побарал да биде прегледан и по што било утврдено дека е од замор. Потоа, тој добил дозвола од докторите за да се врати во Манчестер и да игра на следниот натпревар од Премиерлигата. Сакаме да ги разјасниме работите и да прецизираме дека тој беше во болница од превентивен карактер. Уште еднаш ќе биде превентивно прегледан пред натпреварот со Лестер кој ќе се игра овој викенд, – изјавија од Манчестер Сити.

Facebook Коментари