Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед за натпреварот со Челси ќе има нов менаџер

Објавено

на

Како што одминуваат деновите станува се појасно дека од раководството на Манчестер Јунајтед нема да успеат да го убедат Маурисио Покетино уште во овој период да го преземе кормилото на клубот.

Токму затоа, од Манчестер Јунајтед во следните два- три дена ќе направат напори и ќе ангажираат некој од слободните тренери на трансфер пазарот со потенцирање дека тоа ќе биде тренер до крајот на оваа сезона, за потоа да се размислува за перманентен наследник на Оле Гунар Солскјер.

Англиските медиуми пренесуваат дека голема желба на Ед Вудворд бил Ралф Рагник кој пак бил подготвен да си замине од директорската позиција во Спартак Москва за да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед.

Сепак, искусниот Рагник имал и друго барање за да седне на клупата на Јунајтед, а тоа било по крајот на оваа сезона, ако не остане тренер да добие работа во бордот на директори на клубот.

Освен Рагник се споменува и ангажман на Руди Гарсија, Ернесто Валверде и Лусиен Фавре кои исто така се слободни во моментов и бил направен првичен разговор со сите нив.

Она што можеби нема да ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед е фактот што Мајкл Керик, Кјеран Мекена и Мајк Фелан ќе останат со привремениот тренер до крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни