Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед за „екстра“ цена го носи Санчо од Борусија Дортмунд

Објавено

на

Долго време се шпекулира за иднината на Џејдон Санчо и неговиот евентуален трансфер во Манчестер Јунајтед.

Британскиот медиум „Индепендент“ пренесува дека Санчо е чекор поблиску до станување играч на Манчестер Јунајтед откако двата клуба се согласиле за цената на трансферот.

Имено, Борусија Дортмунд се согласиле за продажба на Санчо за сума од „само“ 60 милиони фунти.

Сепак, во трансферот би биле вклучени и многу дополнителни бонуси со кои цената би стигнала и до 100 милиони фунти.

Бонусите ќе бидат како на индивидуален, така и на тимски план, па за да се стигне до посакуваната сума од 100 милиони фунти, сигурно е дека Јунајтед ќе треба да освои некој трофеј со Санчо во тимот.

Вчера, „Скај Спортс“ пренесе дека двете страни значително ги доближиле ставовите за трансферот на 20 годишниот фудбалер на „Театарот на соништата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни