Манчестер Јунајтед врза две победи со ред, Солскјер со порака до фановите: Сега скептиците…

ole

Манчестер Јунајтед славеше голема победа на дерби пресметката против Манчестер Сити со 2:1.

„Ѓаволите“ како да се некој друг тим на последните две средби против Тотенхем и Манчестер Сити затоа што играа еден доминантен фудбал, посебно на самиот почеток на средбите.

Избраниците на Солскјер забележаа две победи по ред кога најмалку се очекуваше, а по нив Норвежанецот конечно полесно може да дише во пресрет на финалните натпревари за календарската 2019 година.

Солскјер по натпреварот со Сити истакна дека полека ќе пристигнуваат резултатите од тоа што го работат и дека тоа ќе ги натера и тие кои се сомневааво нив да почнат да веруваат.

– Веруваме во тоа што го правиме. Сега треба да пристигнат само резултатите. Тоа ќе ги натера и оние кои се сомневаа да веруваат во нас. Се повеќе луѓе ќе видат што се обидуваме да направиме, – изјави Оле Гунар Солскјер.

Facebook Коментари