Англија
Манчестер Јунајтед става голема клупска ѕвезда на својата трансфер листа
Раководството на Манчестер Јунајтед и менаџерот Рубен Аморим се согласиле околу едно сложено прашање поврзано со иднината на клубот, а тоа подразбира дека истата ја гледаат без Маркус Рашфорд во клупскиот ростер.
Англискиот репрезентативец веќе е на излезна врата од редовите на „црвените ѓаволи“, тврди весникот „Гардијан“, според кого Јунајтед би дал зелено светло за трансфер уште во јануари.
Главната причина за одлуката поврзана со Рашфорд е однесувањето на фудбалерот вон и во рамките на тренинг центарот на Манчестер Јунајтед и желбата на англискиот великан да ја врати клупската култура и дисциплина, која владееше во периодот на Алекс Фергусон.
Алехандро Гарначо веројатно ќе добие уште една шанса пред да биде прецртан, но времето на Рашфорд на „Олд Трафорд“ е истечено и тој може да замине за симболична сума.
Клубот би заштедил за големата плата која ја добива напаѓачот, но истата е товар и во однос на преговорите со заинтересираните клубови, бидејќи само малку можат да си дозволат таква сума за еден играч.
Рашфорд и Гарначо не беа во составот на дербито со Манчестер Сити, а одлуката и објаснувањето на Аморим доби поддршка не само од фановите, туку и од челниците предводени од Џим Ретклиф.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал