Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед со минус 14 ќе го дочека дербито со Сити

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не успеа да го победи Кристал Палас (0:0) и го зголеми заостанувањето зад градскиот ривал на 14 бодови во пресрет на меѓусебниот дуел во недела.

Шансата на Матиќ во првото полувреме беше единствениот удар во рамките на голот на Кристал Палас од страна на гостинските фудбалери, а тоа само го зголемува разочарувањето кај фановите покрај освоениот бод од оваа средба.

Манчестер Јунајтед не успеа да го скрши отпорот на лондонскиот состав ниту во завршницата, кога Гринвуд не искористи добра шанса, шутирајќи над голот, а Палас успеа до крајот да го задржи почетниот резултат 0:0.

За домашниот состав ова е второ реми по ред и доволно за тринаесеттото место на табелата, додека Манчестер Јунајтед по 27 одиграни средби има 14 бодови помалку од Сити и само еден повеќе од третопласираниот Лестер.

Претходно, Лестер исто така ремизираше против Барнли, додека Шефилд Јунајтед ја победи Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни