Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за потписот на Тел

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Германските медиуми потврдија дека Баерн Минхен ја прифатил понудата на Тотенхем вредна 60 милиони евра за Матис Тел, но фудбалерот се уште размислува каде да ја продолжи кариерата.

Ова посебно доаѓа до израз по најновата информација, според која и Манчестер Јунајтед влегол во битката за потписот на младиот Французин.

Тел е незадоволен од својот статус во Баерн и клубот ќе му овозможи да замине во друга средина, но Германците инсистираат тоа да биде класичен трансфер, а не заем до крајот на сезоната.

Арсенал е уште еден клуб кој се интересира за Тел, но шпекулациите се дека Јунајтед и Арсенал преферираат заем, односно би го откупиле договорот дури откако се сигурни деке Французинот ќе се адаптира во новата средина.

Се очекува конечната одлука да падне денеска, а иако Тотенхем има најубедлива финансиска понуда, прашање е дали фудбалерот ќе го прифати проектот на клубот со оглед на актуелната криза на лондонскиот состав.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни