Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер

Објавено

на

Од редовите на Манчестер Јунајтед се откажале од намерата да го ангажираат искусниот австриски напаѓач, Марко Арнаутовиќ.

Кога излегоа шпекулациите дека „ѓаволите“ го посакуваат офанзивецот се крена голема прашина во јавноста, а фановите веднаш го изразија своето незадоволство преку социјалните мрежи.

Наводно, Тен Хаг во Арнаутовиќ видел краткорочно решение за нападот, во недостаток на одогвор од управата кога во прашање се посериозните засилувања.

Сепак, и Арнаутовиќ нема да пристигне на „Олд Трафорд“, а причината се фановите, меѓу кои и еден Македонец кој директно преку е-пошта се обратил до спортскиот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.

„Атлетик“ пренесе дека извесен Мајкл Дамевски испратил порака на официјалната е-пошта на Арнолд во која навел загриженост дека Манчестер Јунајтед ќе ангажира играч кој во минатото имал расистички и националистички испади.

Медиумот пренесува дека Дамевски бил еден од ретките фанови кои испратиле порака и кои добиле одговор од управата на Јунајтед. Имено, некој од официјалните лица од англискиот клуб му вратил порака на Дамевски во која нотирал дека овие забелешки ќе бидат разгледани.

Инаку, коментарот на Дамевски се однесувал на некоректното однесување на Арнаутовиќ за време на натпреварот помеѓу Австрија и Македонија од Европското првенство. Тогаш напаѓачот постигна гол и влезе во вербален дуел со Езгјан Алиоски, напаѓајки го нашиот репрезентативец на национална основа. УЕФА му врачи казна и Арнаутовиќ не играше на следниот натпревар за репрезентацијата на Австрија.

Што се однесува до Манчестер Јунајтед, од таму сега ќе разгледуваат други опции за офанзивата која и тоа како е тенка во овој период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни