Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед се договорил со Санчо, со Дортмунд преговараат и се надеваат на…

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Јунајтед и дефинитивно се договориле со Џејдон Санчо кој се согласил да потпише договор со клубот од „Олд Трафорд“ до 2026 година.

Според договорот кој би го потпишал Санчо, тој би заработувал околу 300.000 фунти неделна плата што ќе го направи еден од најплатените фудбалери на „црвените ѓаволи“. Освен платата на Санчо, договорени се и бонусите за неговите агенти и од тој аспект Манчестер Јунајтед нема никакви проблеми.

Сепак, како што пишува „Скај Спортс“, во моментов има разлика меѓу двата клуба кои не се согласуваат со цената.

Манчестер Јунајтед нуди сума од 75 милиони фунти, додека Борусија Дортмунд бара 86 милиони фунти плус дополнителни бонуси. Двете страни сакаат договорот да биде постигнат што поскоро, па се очекува Манчестер Јунајтед да попушти и во следниот период да ги понуди побараните пари од Борусија Дортмунд, со тоа што ќе се обиде да преговара за бонусите кои би ги добил клубот врз основ играта на Санчо во дресот на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни