Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед потврди повреди на двајца стопери

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед останува во битката за место кое води во Лигата на шампионите, но избраниците на Ерик тен Хаг мора да направат позитивна серија до крајот на првенството и да се надеваат дека ривалите ќе загубат поголем број бодови во истиот период.

Менаџерот на Јунајтед сезонава има многу проблеми со повредени играчи, а клубот потврди дека на средбата со Борнмут, во конкуренција нема да бидат двајца стопери.

Рафаел Варан се повредил уште на дуелот со Челси и сега е потврдено дека нема да настапува неколку недели, а очекувањата се дека ќе може да настапи во мај, односно на некој од завршните натпревари. Со оглед на фактот што договорот на Французинот истекува и не е продолжен, дел од фановите сметаат дека Варан може и да го одиграл последниот натпревар за својата актуелна екипа.

Тен Хаг нема да смета ниту на ветеранот Џони Еванс, кој исто така е повреден, но Јунајтед најави дека неговата пауза ќе трае пократко.

Натпреварот Борнмут-Манчестер Јунајтед се игра во сабота од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни