Англија
Манчестер Јунајтед постигнал договор со Баерн, ќе плати 50 милиони евра за најновото засилување
Долгите преговори на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен денеска конечно дале позитивен епилог и англискиот клуб ќе го добие посакуваното засилување во одбраната.
Нов член на Јунајтед ќе биде Матијс де Лихт, дефанзивецот кој доаѓа на барање на Ерик тен Хаг, кој му беше тренер на својот сонародник и во редовите на Ајакс.
Де Лихт го загуби посакуваниот статус во Баерн и по само две сезони беше отворен за нов трансфер, па решил конечно да се испроба и во Премиер лигата.
Јунајтед ќе плати 45 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во лесно остварливи бонуси за холандскиот стопер, а останува уште Де Лихт да ги помине медицинските прегледи.
Трансферот ќе биде комплетиран наредниве неколку дена, па Де Лихт ќе се подготвува со новите соиграчи за почетокот на сезоната во Премиер лигата.
-
Англијапред 23 часа
По Костиќ, Мурињо ќе ја спасува и пропаднатата ѕвезда на Јунајтед вредна 95 милиони евра
-
Лига на нациипред 20 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 18 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Англијапред 22 часа
Рангник се потсети на изјавата која ја даде за Јунајтед пред две години: Испадна дека бев во право!
-
Балканпред 23 часа
Легендарен хрватски голман: Го наплатив долгот од Динамо после 17 години!
-
Италијапред 19 часа
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 21 час
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре