Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед подготвува голема чистка во еден сегмент на екипата

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Влегувањето на Џим Ретклиф во сопственичката структура и неговото преземање на оперативните одговорности во Манчестер Јунајтед, веќе ги донесоа првите состаноци со менаџерот Ерик тен Хаг, а на нив јасно главна цел е планирањето на иднината и посебно летниот преоден рок.

Тоа е период во кој клубот планира и веројатно мора да направи крупни чекори за да ја поправи ситуацијата на теренот, а „ЕСПН“ тврди дека двете страни договориле голема чистка во одбранбениот сегмент.

Ретклиф и Тен Хаг се согласиле дека на Јунајтед му се потребни нови играчи за да се зацврсти дефанзивата, а клубот ќе им дозволи заминување на Хари Мегваер и Виктор Линделоф со одредена сума која би била соодветна за овие трансфери.

Рафаел Варан ќе замине затоа што му истекува договорот и не сака да прифати намалување на платата, додека Јунајтед нема да му понуди нов договор на ветеранот Џони Еванс.

Веќе се познати имињата и на фаворитите за трансфер на „Олд Трафорд“, па на списокот се Матијс де Лихт од Баерн Минхен, кој соработуваше со Тен Хаг во Ајакс, Џарад Брантвејт од Евертон и Жан-Клер Тодибо од Ница. Скаутите на Јунајтед биле импресионирани и од десниот бек на Галатасарај, Саша Бои, кој одигра фантастично на дуелите со премиерлигашот во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни