Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед подготвува богата понуда за фудбалер на Атлетико Мадрид

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во летниот преоден рок освен еден крилен фудбалер сака да донесе и играч за врска кој дополнително ќе го зголеми квалитетот во средината на теренот.

„Ѓаволите“ се интересираа за играчот на Ајакс, Дони ван де Бек, но засега нема најави дека тој би можел да пристигне на „Олд Трафорд“.

Згора на тоа, тој истакна дека не би имал ништо против да остане во Ајакс уште една сезона, па извесно е дека нема да притиска за заминување од Амстердам по секоја цена.

Токму затоа, Оле Гунар Солскјер вниманието го насочил кон фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Саул Нигез.

„Дејли Стар“ пишува дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди договор на Саул според кој тој ќе заработува по 150.000 фунти неделна плата.

Во договорот со Атлетико, Саул има откупна клаузула од високи 130 милиони фунти, но се верува дека „душекчиите“ ќе се согласат да го продадат и за 80 милиони фунти за да ги закрпат финансиските трошоци кои настанаа како последица на коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни