Манчестер Јунајтед подготви екстра богат договор за Давид Де Хеа

de hea gol

Од раководството на Манчестер Јунајтед планираат да ја искористат опцијата за продолжување на договорот на Давид Де Хеа за дополнителна една година доколку не успеат да го убедат Шпанецот да го потпише новиот договор кој му е поставен на маса.

Англискиот „Сан“ пренесува дека Манчестер Јунајтед му понудил нов петгодишен договор на голманот кој е најсветла точка во тимот во последните неколку сезони. Наводно, со новиот договор Де Хеа би заработувал 375.000 фунти неделна плата, а во него би биле вклучени и неколку бонуси.

Доколку се согласи на овој договор само Алексис Санчез ќе заработува повеќе од шпанскиот голман во Манчестер Јунајтед.

Во овој момент, Де Хеа е еден од единаесетмината фудбалери на клубот на кои договорот им завршува по крајот на оваа сезона.

Facebook Коментари