Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед почнал преговори за фудбалер на Кристал Палас

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Во обидот да го поправи впечатокот од последните сезони, Манчестер Јунајтед и летово ќе мора да се обиде да ангажира вистински профил фудбалери, а една од инвестициите на раководството е планирана за играч на Кристал Палас.

Се работи за францускиот интернационалец Жан-Филип Матета, кој го привлече вниманието на големите клубови со настапите за лондонскиот тим и очекувано е дека наскоро ќе прифати нов предизвик.

Палас знае дека нема да може долго да го задржи Матета во своите редови, но тоа не е причина да не го наплати добро трансферот во поголем и побогат клуб.

Во актуелната 2025 година Матета веќе постигна осум голови, ниво на кое е и еден Мохамед Салах, а Јунајтед во него гледа замена за Расмус Хојлунд, кој очигледно не ги исполни очекувањата и може да добие дозвола да замине во друга средина.

„Лекип“ тврди дека Јунајтед веќе води преговори со Кристал Палас за Матета, а засега цената која неговиот актуелен клуб ја има поставено е 40 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни