Англија
Манчестер Јунајтед платил мало богатство за менаџерската смена
Раководството на Манчестер Јунајтед го ангажираше Рубен Аморим на местото на Ерик тен Хаг, а оваа менаџерска смена го чинела клубот мало богатство.
Порталот „Атлетик“ денеска објави подетални информации за отштетата која им е исплатена на веќе поранешните членови на стручниот штаб, како и отштетата која „црвените ѓаволи“ ја платиле за Аморим.
Тен Хаг и неговите соработници заедно инкасирале 10,4 милиони фунти поради предвременото завршување на соработката, односно отказот добиен од Манчестер Јунајтед, а најголем дел од таа сума ќе заврши на сметката на менаџерот.
Следниот чекор беа преговорите со Спортинг, а португалскиот клуб заработил 11 милиони фунти само за да даде зелено светло за тренерот Аморим да се пресели во редовите на премиерлигашот.
Во анализата на медиумот се потенцира дека по заминувањето на Алекс Фергусон во 2013 година, Јунајтед само за менаџерски назначувања и откази има исплатено околу 70 милиони фунти.
-
Шпанија18 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Формула 117 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет17 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
НБА20 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Италија18 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Англија20 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)
-
Шпанија15 часа
Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец