Манчестер Јунајтед не сака да слушне за продажба на својот фудбалер

Junajted-Sautempton

Од редовите на Манчестер Јунајтед немаат намера да го продадат Антони Марсијал и покрај тоа што неговиот агент вчера истакна дека Французинот сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Филип Ламболеј потенцираше дека Марсијал се одлучил да си замине од клубот откако сериозно ги разгледал сите можности и опции околу неговата иднина.

Сепак „Скај Спортс“ дознава дека брзоногиот фудбалер е дел од плановите на Жозе Мурињо и за следната сезона и дека од клубот нема да дозволат негова продажба ова лето.

Facebook Коментари