Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед не го доби Регилон, но веќе најде соодветно решение за бековската позиција

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не успеа да го ангажира Серхио Регилон, но веројатно веќе договори нова опција за бековската позиција.

Голем дел од англиските медиуми вечерва објавија дека премиерлигашот го добил потписот на Алекс Телјес од Порто, кој ќе потпише петгодишен договор со составот од „Олд Трафорд“.

Бразилскиот лев бек одамна е поврзуван со напуштање на Порто, но веројатно конечно ќе го направи тој потег во актуелниот преоден рок и ќе го засили Јунајтед.

Телјес може да биде мета и на ПСЖ, кој исто така е во потрага по решение на бековската позиција, па англиските медиуми тврдат дека Јунајтед инсистирал на брза реализација на трансферот.

Ако Бразилецот пристигне во составот на Оле Гунар Солскјер, ќе биде второ засилување по Дони ван де Бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни