Англија
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот

Од таборот на Манчестер Јунајтед одблиску ја следат целата ситуација во Борусија Дортмунд, клубот кој поседува неколку фудбалери кои се супер интересни за големите европски тимови.
„Ѓаволите“ беа силно заинтересирани за ангажман на Џејдон Санчо во летниот преоден рок, но тогаш Борусија Дортмунд не отстапуваше од намерата да го продаде играчот за 110 милиони фунти, сума која Манчестер Јунајтед не сакаше да ја плати.
Сега, извршниот директор на Борусија, Ханс Јоаким Вацке истакна дека не може да отфрли било каков трансфер на играчите на клубот во летниот преоден рок.
Се верува дека Манчестер Јунајтед повторно ќе се врати по Џејдон Санчо, но и овојпат нема да нуди над 100 милиони фунти туку ќе понуди околу 80 милиони фунти максимум. Според последната изјава на Вацке, оваа сума би можела да биде доволна за да се реализира трансферот.
– Поради ситуацијата со пандемијата веќе не можам да отфрлам ништо. Не е неопходно да продаваме, имаме финансиски баланс и сме економски стабилни. Но сега трансферите се повеќе возможни од лани. Нема да ги молиме банките за кредити за да ги закрпиме дупките без притоа да продаваме играчи, тоа не е нашиот начин на работа, -изјави Вацке.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)