Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед му „украде“ докажано директорско име на градскиот ривал Сити

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Манчестер Јунајтед го потврди името на новиот извршен директор, а истито доаѓа во клубот од „Олд Трафорд“ по успесите кои ги постигна со својот сектор во редовите на градскиот ривал Манчестер Сити.

Се работи за Омар Берада, за кого Сити претходно најави дека заминува од клубот и му посака среќа со новиот предизвик, за денеска да биде потврден како нов директор на „црвената страна“ на Манчестер.

Берада изгради одлична репутација на фудбалската сцена, првично преземајќи ја улогата на комерцијален директор, па по неколку промени заврши како Директор за фудбалски операции во Сити, оставајќи зад себе успешни години во кои беше дел од трофејните сезони на актуелниот европски шампион.

Берада во Јунајтед ќе го замени Ричард Арнолд, а функцијата веројатно ќе започне да ја извршува по крајот на сезоната, имајќи ги предвид условите од завршувањето на соработката со Сити. Дотогаш привремен Извршен директор на Јунајтед ќе остане Патрик Стјуарт.

„Би-Би-Си“ пренесува дека Манчестер Сити го гледа ангажманот на Берада во Јунајтед како потврда за успешната работа изминатите години, а очекува клубот да продолжи со позитивните резултати под водство на Феран Соријано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни