Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед крева раце од Дембеле, пронајде нов напаѓач во Бенфика

Објавено

на

Без оглед на фактот дали Одион Игало ќе остане, постои веројатност на „Олд Трафорд“ ова лето да пристигне уште еден напаѓач.

Манчестер Јунајтед се подготвува за следната сезона во која ќе влезат со многу поголеми амбиции и ќе се обидат да го нападнат врвот во Премиер лигата.

„Ѓаволите“ долго време се интересираа за Муса Дембеле од Лион, но сега своето внимание го насочиле кон напаѓачот на Бенфика, Карлос Винисиус.

За услугите на овој фудбалер се подготвени да платат 35 милиони фунти, сума која веројатно ќе ги задоволи побарувањата на Бенфика.

Винисиус оваа сезона има постигнато вкупно 20 погодоци на 33 средби во дресот на Бенфика, а неговата откупна клаузула изнесува 88 милиони фунти. Сепак, малку е веројатно дека Бенфика ќе добие и приближно толку пари од Манчестер Јунајтед.

Што се однесува до играчот, тој во 2018 година направи трансфер во Наполи, но не заигра за тимот од Неапол и беше пратен на заем во Рио Аве и Монако пред да направи перманентен трансфер во Бенфика минатото лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни