Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед го потврди директорот за кого преговараше со месеци

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Новиот директорски тим на Манчестер Јунајтед конечно ќе биде комплетиран, откако премиерлигашот го потврди спортскиот директор за кого преговара со месеци.

Дан Ешворт претстана да ја извршува директорската функција во Њукасл уште во февруари, кога му соопшти на својот се уште актуелен клуб дека сака да се пресели во Јунајтед, а оттогаш траеја преговорите меѓу двата члена на Премиер лигата.

Ешворт се закануваше со активирање арбитража за да ја заврши етапата во Њукасл, но „Би-Би-Си“ тврди дека двете страни конечно се договориле за „трансферот“ за да избегнат судска завршница и дополнителни трошоци.

Новиот косопственик на Јунајтед, Џим Ретклиф со Ешворт го комплетира директорскиот тим исполнет со искусни и докажани имиња, а вечерва Манчестер Јунајтед го потврди засилувањето.

Пред да дојде во Њукасл, Ешворт работеше во Брајтон, Англиската федерација и Вест Бромвич Албион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни