Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ќе слуша понуди за дури седум свои првотимци во јануарскиот преоден рок

Објавено

на

Манчестер Јунајтед значително го засили својот тим во неодамна завршениот летен преоден рок во кој ангажираше четири засилувања кои со сигурност ќе го подобрат квалитетот во составот на Оле Гунар Солскјер.

Според англиските медиуми од таборот на „ѓаволите“ се подготвени во јануари да слушаат понуди за дури седум свои фудбалери.

Причината за тоа е обезбедување финансиски средства со кои би се тргнало по услугите на Деклан Рајс кого тешко дека ќе го добијат во јануари, но веќе следното лето тој сигурно ќе биде прва трансфер опција на клубот.

Според „Сан“, Оле дал зелено светло драстично да се скрати неговиот состав и да се слушаат понудите за Антони Марсијал, Џеси Лингард, Дони Ван де Бек, Фил Џонс, Ерик Баи, Диого Дало и Алекс Телеш.

Најголеми шанси за заминување од клубот има Џеси Лингард, а голема е веројатноста од „Олд Трафорд“во јануари да си замине и Ван де Бек кој не добива доволно минутажа од норвешкиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни