Англија
Манчестер Јунајтед ќе остане без првата замена за Онана
Сите комплицирани елементи и резултатска криза во Манчестер Јунајтед се надополнети со уште еден проблем на повидок, а тоа е заминувањето на вториот голман на премиерлигашот.
Алтај Бајиндир решил да го напушти Јунајтед во јануари или најдоцна во летниот преоден рок, со што „црвените ѓаволи“ ќе останат без важната замена за првиот голман Андре Онана.
Бајиндир досега максимално ја користеше секоја дадена шанса, но веќе не сака да остане во екипа каде добива премала минутажа и ќе иницира трансфер во средина каде ќе биде прв избор.
Манчестер Јунајтед е задоволен од Бајиндир, но тоа нема да го спречи голманот да замине, а клубот веќе размислува за нов втор, но и трет голман, кој исто така би можело да биде ангажиран наредниот период.
Турскиот голман дојде во Јунајтед во 2023 година, а за неговиот трансфер Фенербахче заработи 5 милиони евра.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)