Англија
Манчестер Јунајтед ќе мора да бара нов напаѓач, Шангај со дефинитивен одговор на нивното барање
Од Манчестер Јунајтед испратиле барање до кинескиот Шангај да го остави Одион Игало на позајмица до крајот на оваа сезона.
Сезоната во Англија се очекува да заврши на крајот на јули, а се верува дека во август ќе продолжат натпреварите во Лига Европа.
Токму затоа од Манчестер Јунајтед побарале позајмицата на Игало да биде продолжена, меѓутоа како што јавува „Дејли Мејл“ таквата понуда веднаш била одбиена од кинескиот клуб.
Шангај го сака Игало за почетокот на новата сезона во Кина која се очекува да биде кон средината на месец јуни и нема да отстапува од намерата да си го врати нигерискиот напаѓач во своите редови.
Одион Игало веднаш ги собра импресиите на „Олд Трафорд“ и иако играше претежно во Лига Европа и во англиските купови, тој собра осумнастапи за клубот на кои постигна вкупно четири погодоци.
Игало има договор за позајмица со Јунајтед до крајот на овој месец и се уште се појавува на тренинзите во Керингтон.
Вчера англиските медиуми пренесоа дека доколку Игало не остане во Манчестер Јунајтед од клубот ќе тргнат по услугите на Џошуа Кинг од Борнмут, играч за кој се интересираа и во јануарскиот преоден рок.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)