Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ќе го повлече Санчез од Интер уште во јули

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед планира да го врати Алексис Санчез во своите редовите уште по завршувањето на договорот за неговиот заем во Интер.

Тоа значи дека Чилеанецот нема да може да ја доигра сезоната во дресот на италијанскиот клуб, ниту пак да помогне во завршницата во Лига Европа.

Уште претходно, менаџерот Солскјер најавуваше дека Санчез ќе се врати на „Олд Трафорд“ по истекот на позајмицата, но англиските медиуми потенцираат дека тој речиси сигурно ќе биде продаден во друг клуб по крајот на сезоната.

Јунајтед може да му биде ривал на Интер во завршната фаза на Лига Европа, а во таква ситуација тој би бил член на составот од „Олд Трафорд“, а не на клупата на Интер каде обично ги започнува натпреварите.

Санчез не се изнаигра во Интер каде беше стартер само на две средби, а Јунајтед ќе се обиде да го продаде по крајот на сезоната поради големата плата која според договорот ја добива чилеанскиот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни