Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ќе го награди Мејну со многу потежок договор

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Коби Мејну е еден од фудбалерите кои донесоа посебна радост и гордост кај фановите на Манчестер Јунајтед во неодамна завршената сезона, а со своите настапи веќе се наметна како иден првотимец на „црвените ѓаволи“.

Ваквиот развој на настаните го натерало раководството да реагира експресно и уште ова лето да му понуди нов договор на тинејџерот.

Главната цел е да му се зголеми платата на Мејну, а „Сан“ тврди дека продуктот на младинската академија ќе заработува четири пати повеќе откако ќе стави потпис на новиот договор.

Мејну ќе добива 80.000 фунти неделно, што повторно е далеку зад најплатените ѕвезди, од кои голем дел разочараа, но сепак е добар знак дека Јунајтед планира да го задржи на долг рок.

Големиот талент на Јунајтед сезонава забележа 24 настапи во Премиер лигата, а постигна важен гол и во финалето на ФА купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни