Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ја прифатил последната понуда за МекТоминеј

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Поразот од Брајтон повторно покажа дел од слабостите на Манчестер Јунајтед и на стартот на новата сезона, а раководството на клубот и натаму работи на трансфери со кои менаџерот Ерик тен Хаг евентуално би добил квалитетни засилувања во ростерот.

Но, додека навивачите очекуваат евентуални освежувања во тимот, Јунајтед ја прифатил последната понуда на Наполи и ќе го испрати Скот МекТоминеј во италијанскиот клуб.

Премиерлигашот ќе заработи 30 милиони евра од трансферот, плус ќе може да добие процент од следниот трансфер на шкотскиот репрезентативец, а МекТоминеј ќе го прифати предизвикот да соработува со Антонио Конте во Серија А.

МекТоминеј минатата сезона често беше џокер на Тен Хаг и постигна многу важни голови од втор план, но клубот решил дека понудата на Наполи е коректна и ќе се раздели со фудбалерот кој немаше гарантирана минутажа и оваа сезона.

Иако шкотски репрезентативец, МекТоминеј е роден во Англија и беше дел од Манчестер Јунајтед од 2002 година, па клубот ќе загуби уште еден играч кој потекнува од сопствената младинска академија.

Шпекулациите на медиумите велат дека Јунајтед ќе ги инвестира парите од овој трансфер за купување на Мануел Угарте, за кого ПСЖ бара над 50 милиони евра.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни